Соленки по рецептот на бабите кои лесно се прават

Овој рецепт е од времето на нашите баби. Сите многу ги сакавме како деца, и останати ни се спомените на кујната на нашите баби, особено на вкусните пити, мекици, соленки кои ги правеа. Овие соленки се се прават исклучително лесно и се многу вкусни.

Со желба, кимот можете да го замените со сусам или со афион.

Потребни состојки:

  • 1/2 кг брашно
  • 250 грама масло
  • 1 пакетче крем сирење
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка шеќер
  • 1 јајце
  • околу 100 грама кашкавал
  • Ким

Подготовка:

Го сеете брашното, потоа го додавате маслото, крем сирењето, солта, шеќерот и белката. Месите добро, го растегнувате, размачкувате со жолчка од јајце, посипувате со рендано сирење и со рендан кашкавал и на врвот поспиувате ким.

Печете во загреана рерна на 150 ° околу 15-20 минути.