Солвео заедно со M3DS, академија за 3D моделирање организира тридневен настан

Добивај вести на Viber

Smart Cities е актуелна тема во светски рамки, и претставува интеграција на информации и продукти од различни области, со цел да се олеснат секојдневните процеси во урбаната средина. Во понапредните делови од светот не се размислува веќе како да се задоволат сегашните потреби на градовите, туку како да се задоволат потребите на иднината.

За да го придвижиме и градот Скопје во таа насока, Солвео, која е првата агенција за иновации и M3DS, академијата за 3D моделирање и гејм дизајн, во склоп на IT NOVUM, организираат тридневен настан во форма на креативен маратон, насловен: “Smart Cities: Rethinking how the city works and lives” каде повеќе од 100 студенти од различни области ќе работат во тимови со цел да се пронајдат иновативни решенија на секојдневни проблеми во урбаната срeдина.

Креативниот маратон ќе се одржува во просториите нa Младинскиот Културен Центар (МКЦ) и ќе започне со конференција на која истакнати професионалци и претприемачи од македонската бизнис сфера како: Хајан Селмани – HASELT, Глигор Дачевски – DOXTEAM, Ира Стефанов Бабиќ–BRANDUNION, Митко Цабевски – U:PLUG, Mихајло Димитриевски – Illustrator, Владимир Трајкович - Универзитетски професор, ќе споделат свои искуства и знаења од областите на информатичките науки, дигитален маркетинг, развој на софтверски решенија и 3D дизајн.

По конференцијата ќе започнат работилниците каде учесниците ќе бидат поделени во мултидисциплинарни тимови. Работилниците ќе бидат менторирани од страна на експерти кои ќе пружат поддршка во насочување на тимовите.

На крајот ќе бидат презентирани изработените решенија пред комисија која ќе ги одреди победниците, кои ќе добијат вредни награди.

Повеќе информации за настанот може да пронајдете тука.

Rethink креативниот маратон е наменет за сите млади и амбициозни студенти кои имаат интерес за технологија или пак сакаат да ги збогатат своите вештини и знаења од современи технолошки области како и познавања од бизнис сферата.

Сите кои сакаат да стекнат практични вештини и да научат повеќе од искуствата на експерти и секако, од сопственото искуство, можат да се пријават за учество во настанот тука.