СОНК ги усвои заклучоците: Реформата на Царовска прогласена за избрзана

Советот на Синдикатот за образование, наука и култура, кој ги застапува и просветните работници, во проширен состав, на својата последна седница ги донесе заклучоците со кои најавените реформи на министерката за образование Мила Царовска ги прогласи за избрзани.

СОНК за Нацрт-Концептот за реформи во основното образование смета дека не се создадени неопходните услови за непречено одвивање на наставата, без претходнo отстранување на слабостите за нејзино успешно реализирање и со многу неодговорени прашања и детали во самиот документ.

„Од погоре наведените причини, Советот на СОНК донесе заклучок, во интерес на поуспешно реформирање на основното образование, дека треба оваа иницијатива да се одложи или да се спроведат пилот училишта во кои би се отпочнала истата и врз основа на резултатите во тие училишта да се детектираат и отстранат евентуалните слабости, да се констатираат добрите страни, а потоа да се преземат чекори за спроведување на реформите“, смета репрезентативниот синдикат.

Заклучоците кои ги донесе СОНК, прочитајте го на Фактор.мк

Фото: Фактор.мк