Животна училница // Приказни
Сопругата на македонскиот премиер рамо до рамо со Џил Бајден: Свечен прием во рамки на 77-то Генерално собрание на Обединетите нации
- 23 Септември, 2022

Фото: Официјален Фејсбук профил на Димитар Ковачевски
На покана од Претседателот на САД, Џо Бајден, синоќа премиерот Димитар Ковечевски и неговата сопруга Елена присуствуваа на свечениот прием што беше организиран во рамки на 77-то Генерално собрание на Обединетите нации.
Сопругата на американскиот претседател Џил Бајден изгледаше отмено во светкав свечен фустан кој ја прати линијата на телото, во тегет боја. Госпоѓа Ковачевски пак се одлучи за интересен спој на свечена маица по кратки ракави во црна боја и здолшните со флорален дезен.