Сопругата на Оливер Драгојевиќ 3 години по смртта на „морскиот волк“: И денес, кога sвони телефонот, мислам дека е тој

Тешко е и денес, не одам сама на неговиот гроб затоа што мислам дека би се онесвестила, рече Весна Драгојевиќ

Денеска се навршуваат три години откако Оливер Драгојевиќ не‘ напушти – „морскиот волк“ почина по сериозна болест во болницата во Сплит. Во Хрватска, и пошироко, веднаш владееше голема тага. Она што човек го чувствува само кога ќе замине најголемиот. А, Оливер беше еден од нив.

„Секогаш ме нарекуваше „жено“,никогаш не ми кажа Весна. Денес е уште потешко, не одам сама на неговиот гроб затоа што мислам дека ќе се онесвестам. Дури и денес, кога sвони телефонот, мислам дека ми се јавува", со тага во гласот вели Весна Драгојевиќ, сопруга на покојниот пејач.

Таа беше со Оливер скоро 50 години, имаа три сина, седум внуци ...

Тешката болест и смртта ја прекинаа нивната идила. Пејачот уживаше во Сплит, а уште повеќе во Вела Лука. И секогаш со семејството. Кога дојде во Корчула, земаше маица, стари шорцеви, капа на главата и на тој начин „се спои“ со местото. Малку риболов, потоа дружење со пријателите, песната беше секогаш добредојдена ...

Во Вела Лука, и оваа, како и минатата година, се одбележува годишнината од смртта на големиот пејач.

Денес се положи венец на локалните гробишта, по што имаше миса и рецитал во црквата. Вечерва е големиот концерт за Оливер „Трага во бесконечност“. Се завршува во петок, со џез -концерт.


Фото: Инстаграм/bojan_marotov

Можеби ќе ве интересира:

Три години без музичката легенда: Љубовната приказна на Оливер Драгојевиќ