Сопругата на шеикот од Катар, Моза воодушеви во топ комбинација на бои и со најоригиналната чанта: А еве што носеше милијардерот
Сопругата
на катарскиот шеик и поранешен катарски емир Хамад
бин Калифа Ал Тани, Моза
бин Насер е задолжена за одличниот стил на СП во Катар, таа „игра“ со модната
имагинација и нема граници.
Моза, која од страна на Вог во 2015 година беше прогласена за една од најдобро облечените жени во светот, дизајнираше цела серија блескави модни изданија од почетокот на Светското првенство на 20 ноември.
Некогаш повеќе се приклонуваше кон традиционален стил, а некогаш повеќе се свртуваше кон модните трендови, без да ја премине границата на протоколот што следи како сопруга на катарскиот шеик и поранешен емир.
На нејзиниот Инстаграм профил се појавија фотографии од неа и нејзините внуци од натпревари во Катар. Моза и сопругот имаат седум деца и голем број наследници, таа се смета за највлијателна сопруга на Хамад, кој покрај неа има уште две сопруги. Општествено е најангажирана, најмногу во областа на образованието, а од тие активности не се откажува ниту за време на Мундијалот.
А како што рековме, не се откажува ниту од одличниот стил. Моза толку вешто ги комбинира боите што е тешко да се тргне погледот од нејзините комбинации. Комбинацијата на кафени нијанси и впечатлива црвена боја изгледаше прекрасно на неа.
Сопругата на катарскиот шеик деновиве се среќава со бројни фудбалски функционери, како претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, кој не го криеше задоволството кога ја виде (прелистајте го фотоколажот).
Вчера е снимен уште еден интересен детаљ. Сопругот на Моза, шеикот Хамад бин Калиф ал Тани се појави во еден од најпопуларните модели на патики кои се исто така многу удобни, што е многу важно за неговото здравје. Забележавме дека шеикот има одредени проблеми со движењето, а знае и да ѝ приреди негативно изненадување на сопругата, па неодамна беше снимен како тој ѝ мафта на бразилска навивачка, што на Моза воопшто не ѝ се допадна.
Фото: Инстгарам
Извор: женаблиц