(ВИДЕО) Сопругата на Стинг ги слушаше ДНК на Берлинале

Хитот на аренби дуото ДНК, „Стојам сам“ се слушаше на црвениот килим на Интернационалниот филмски фестивал, 69. Берлинале, кој е во тек во Берлин. 

По тој повод во Берлин е собрана светската филмска елита. Меѓу присутните се актерот Кристијан Бејл, Жилиет Бинош, која е дел од жирито, потоа Труди Стајлер, сопругата на Стинг. Додека чекорше по црвениот килим имаше можност меѓу другото да ужива и во македонска музика, поточно во хитот на ДНК,  „Стојам сам“.

„ Се возбудив позитивно. Навистина не знам од каде наша песна се нашла таму, но чувството е прекрасно, на еден таков фестивал да оди наша песна, навистина ми е голема чест и се израдувавме кога го добивме видеото“, ни изјави Панчо. 

На фестивалот, за Златната и Сребрените мечки се натпреваруваат 17 филма меѓу кои и македонскиот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар – Митевска. Песната на ДНК во видеото е помеѓу 1:48 до 4:48 минути. Линкот од видеото го имате ОВДЕ.