СОПРУГОТ НА БЕКВАЛАЦ: Наташа ми ги зема сите пари! Ќе и го земам детето и бараката!

Добивај вести на Viber

Лука Лазукиќ, кој Наташа Беквалац го обвини дека брутално ја претепал, тврди дека тој ги финансирал сите нејзини хирови, како и дека на суд ќе побара целосно старателство над нивното бебе Катја.

Сопругот на Наташа Беквалац порачува дека на пејачката после разводот ќе и ја земе ќерката, како и станот на Дедиње . Тој за српски медиуми ја раскажува својата верзија на настаните од минатата сабота, кога поп ѕвездата го обвинила дека брутално ја претепал, поради што и добил забрана од приоѓање 30 дена.

Тој тврди дека нивните караници почнале пред неколку месеци.

Тој вели дека вложил големи пари во реновирање во станот на Дедиње и бараката која планирале да ја  издаваат. Тоа вели може да го докаже бидејќи сите сметки се плаќани преку негова фирма. 

-Немам намера да дозволам после разводот да и припадне било што од тоа. Во најлош случај ќе го поделиме на половина спомнатиот имот.

Исто така ќе барам целосно старателство над нашата ќерка Каја бидејќи сметам дека детето не смее да расте во вакво опкружување и дека мора да биде на безбедно.