Сопругот на Драгана Мирковиќ ослабе 30 кг: Пејачката откри како ја направил драстичната промена

Тони Бијелиќ за многу кратко време успеа да ослаби 30 килограми, а пејачката Драгана Мирковиќ откри како го направил тоа.

Сопругот на Драгана Мирковиќ, Тони Бјелиќ изненади со својата физичка промена. Имено, Тони неодамна ослабе многу, додека многумина беа загрижени за неговото здравје, бидејќи се работи за поголемо слабеење за многу кратко време.

Во оваа прилика се огласи пејачката, која истакна дека нејзиниот сопруг успеал на здрав начин да ослабе 30 килограми.

"Изгуби 30 килограми. И тоа природно. Ја промени исхраната. Работеше напорно, но вредеше", изјави таа за Еспресо.

Драгана неодамна на својот Инстаграм профил објави нивна заедничка фотографија на која доби многу комплименти. Тони е непрепознатлив на прв поглед поради драстичната промена.


Двајцата важат за еден од најхармоничните парови, а пејачката истакна дека е горда на својот сопруг и резултатите кои ги постигнал, мислејќи на слабеењето.

Таа неодамна изјави дека во нивниот брак нема простор за расправии, и дека не се сеќава кога последен пат се скарале.

„Не знам одговор на прашањето кој прв попушта во расправија, бидејќи во нашата куќа нема повишен тон и не се сеќавам кога сме се скарале. Подобро е да не зборувам за тоа бидејќи не знам дали луѓето ќе ми веруваат“, рече таа.


извор:stil.kurir