Сопругот на Силвана Арменулиќ и понатаму тагува за неа: Ни по 45 години не успеа да открие како починала

На денешен ден се навршуваат четири и пол децении од стравичната несреќи во која една од најголемите пејачки што некогаш ги имаше поранешна Југославија го загуби животот...

Пејачката Силвана Арменулиќ до ден денес важи за една од најфаталните пејачки кои овој регион ги имал, а со своите песни допира во душа. Иако имала многу додворувачи, нејзиното срце успеал да го освои само еден маж, кој станал нејзин сопруг и такто на нејзината ќерка.

Радмило Арменулиќ, тренер по тенис, раскажа како изгледал неговиот живот со Силвана, но и најтешките моменти кои ги преживеал кога почина, пред 45 години.

Љубовта помеѓу Силвана и Радмило се родила во хотелот „Гранд“, а како што вели Радмило, тоа било љубов на прв поглед:

„Рано се оженив првиот пат. Тоа беше во 1962 година. Силвана несреќно настрада во 1976 година, па по 13 години се оженив повторно и тоа со Мира, која ја познавав долго. Силвана ја запознав во хотелот „Гранд“, таму пееше. Еден мој пријател, за жал покоен, Кочо, чија жена исто пееше, ме убедуваше: Ајде да одиме во Гранд, ајде да одиме. И, отидовме. Силвана пееше некоја песна и јас ѝ кажав дека не пее добро и дека јас ги знам зборовите. Ѝ ги запишав и се сеќавам дека потоа пееше онака како што ѝ напишав. Тоа беше љубов на прв поглед. Таа во тоа време се забавуваше со еден аптекар, набрзо раскинаа и ние ја започнавме нашата врска. Се венчавме, јас отидов во Герминија, тогаш ми се роди и ќерката, па тие двете доаѓаа кај мене. Силвана во тоа време стана многу популарна, по серијата „Љубов на селски начин“ - истакнува Радмило.

Се венчале на 26 октомври 1961 годима без знаење на неговите родители, бидејќи тој тогаш се плашел дека нема да ја прифатат. 

Секако, најтрагичниот момент во животот му бил кога ја изгубил.

„Се враќаше од Александровац и ево еден момент ја заболела главата. Пееше таму во некоја кафеана и ја удрила главата, па со Миодраг Јашаревиќ се смениле во Колари и тој седнал зад воланот. Дали паднал во шеќерна кома или заспал, што се случило, тоа не се знае ниту ден денес. Не возел брзо, а тогаш најверојатно стиснал на гаста и директно удриле во камион. На лице место починале тој, Силвана и нејзината сестра Мирјана, која беше во блажена состојба. И тоа е целата приказна“ - додава тој за „Курир“.

Иако болката поради загубата му е уште тука, Арменулиќ откри дека има и многу причини за среќа, откривајќи ги најсреќните моменти од неговиот живот:

„Што се однесува до големите радости во животот, кога веќе ме прашувате, голема беше секако раѓањето на мојата ќерка, сите во семејството се радуваа, нема што. Па потоа раѓањето на внукот. Е, а најголемата тениска радост е кога ги победивме Французите во Белград во 1985 година, бидејќи тие беа јасни фаворити со тројца играчи од првите десет. Тоа никој не го веруваше, беше навистина огромна радост. Ма, сите успеси ме радуваа. Кога ќе ми кажа дека се учи од поразот... Јас поразите не ги поднесував. Многумина нема да признаат дека тоа е така“ - заклучи Арменулиќ.