Состојбата е загрижувачка: Пејачката Слаѓана Милошевиќ завршила на ургентно

Пејачката поради внатрешно крварење завршила во болница. Состојбата е загрижувачка.

Александра Слаѓана Милошевиќ завршила на ургентно, пренесоа српските медиуми.

Како што се пишува, уметницата имала внатрешно крварење и се наведува дека нејзината состојба е загрижувачка.

Укажана и била лекарска помош при што лекарите одлучиле да ја задржат во болница бидејќи состојбата нагло и се влошила. Имено, вчера и се слошило па е вратена на хирургија.

Засега нема официјални информации поради каква болест е на лекување во болница, но се знае дека не е ковид19.


Фото: screenshot/youtube.com/EX YU ARHIV