СОВЕТИ: Како да ја заштитите косата во лето
Косата е чувствителна на УВ зраците, а многу често кога се враќаме од море треба да ја скратиме бидејќи е оштетена. Поради тоа, започнете на време со негата и безгрижно уживајте во летниот период.
Сите знаеме дека бојадисаната коса е посебно чувствителна на УВ зраците, бидејќи и самото бојадисување ја оштетува. За да ја заштитиме, важно е да нанесуваме регенератор во спреј кој не се мие, а ќе ја штити косата од сонцето.
Пред летниот одмор задолжително посетете го вашиот фризер. Испуканите врвови уште повеќе се оштетуваат поради влијанието на сонцето и солта, па кога ќе се вратите ќе морате да ја скратите косата повеќе отколку што сте замислувале.
Предлог: Две седмици пред да одите на море, скратете ја косата и заминете на одмор со здрава коса.
Збогатете ја исхраната со здрави намирници богати со омега 3 масните киселини. Во храната додадете повеќе риба, јајца, спанаќ, ленено масло и чиа семки. На тој начин ќе ја нахраните Вашата коса одвнатре и таа ќе биде сјајна, јака и здрава, а воедно и вашиот организам ќе го збогатите со здрави супстанци.
Миете ја косата секој ден или секој втор ден, бидејќи за време на топлите денови, коренот сè повеќе поти. Важно е да ја миете косата со благи шампони наменети за секојдневна употреба, односно одберете шампон со арганово масло.