СОВЕТИТЕ НА ХЕЛЕН МИРЕН ЗА СЕКОЈА ЖЕНА: Ако ги послушате, ќе живеете поубаво

Моите четириесетти беа добри. Педесеттите одлични. Шеесеттите фантастични. А седумдесеттите проклето феноменални, рече еднаш познатата актерка

Хелен Мирен е британска актерка и ѕвезда во најдобра смисла на зборот - онаа која не престанува да свети. Навикнавме на теророт на младоста и на пластичната убавина, а Мирен ни покажува дека може и поинаку - со помош на работа, став и достоинство. Таа не се плаши да го каже она што го мисли и знае да го каже тоа артикулирано и директно во целта. Ова се некои од нејзините највпечатливи цитати кои можеби ќе ве инспирираат да бидете слободни и свои.     

1. Сега кога имам 70 години, она што би ја посоветувала помладата себеси е да го употребува зборот "еб* се" почесто. 

2. Сѐ уште го имам тоа "циганско" чувство за авантура. Мислам дека немам спиено во истиот кревет подолго од три или четири месеци во целиот мој живот. Секогаш засадувам зеленчук или овошје кое не крај не стигнувам да го пробам или цвеќе кое не успевам да го дочекам да расцвета. Отсекогаш сум се движела низ светот. 

3. Целата таа работа околу облекувањето е лудост. Можете да потрошите еден долар на јакна во некој мал бутик, на пример "second hand shop", а можете да потрошите и илјадници евра на некоја друга јакна во мегамол. И кога би ги виделе овие две јакни како се шетаат на улица најверојатно не би ни знаеле која колку вреди и каде е купена. 

4. Жените треба да престанат да бидат толку многу љубезни. Ако некогаш имам деца, кои ги немам, првата работа на која ќе ја научам мојата ќерка би била "fuck off". 

5. Најтешкиот период во животот се дваесеттите години. Тоа е многу тажно бидејќи тогаш сме најубави - и физички во најдобра кондиција. Но исто така овој период е кога сме најнесигурни во себе и полни со сомнежи. Кога не знаеме што ќе ни се случи - застрашувачки.   

6. Јас сум тип на човек кој често се облака во продавници "на старо", но отвора шише шампањ. 

7. Мислам дека секоја жена во нашата култура е феминистка. Можеби тие одбиваат така да се изјаснат, но доколку би одбрале било која жена, би ја вратиле 40 години назад и би ја прашале "Дали е ова светот во кој би сакала да живееш?" Таа би одговорила "не." 

8. Чудна работа. Ви станува се поубаво во сопствената кожа кога времето започнува да ви дава се помалку причини за тоа. Кога сте млади и убави сте параноични и мизерни. Мислам дека тоа е една од најголемите предности на стареењето - што се ослободувате од некои такви работи." 

9. "Моите четириесетти беа добри. Педесеттите одлични. Шеесеттите фантастични, а седумдесеттите проклето феноменални". 

10. Целиот живот гледам 16-годишни девојчиња како продаваат убавина, затоа сметам дека е неверојатно што сега жените од 70 години рекламираат производи за жени од 60 до 80 години.