Совети од сексолог: Како да разговарате со детето за сексот

Автор на програма за сексуална писменост на возрасните и тинејџери, дава неколку совети до родителите кои не се осудуваат да разговараат со своето дете за сексот.

Често слушам од родителите: „Уште е рано за моето дете.“ Рано е на 3 години, на 5 години, на 7-8 па дури и 10 години. Во овој момент, сакам да ги прашам мајките и татковците: Што е рано? Да се проучи своето тело? Да се спознаат правилата за хигиена? Да се изградат блиски и доверливи односи со родителите? Да се добијат искрени одговори на вашите прашања?. Не постои „рано“! Што порано почнете да разговарате со детето за телото, физиологијата, хигиената, сексуалноста, односите, ќе ви биде полесно за 3-5 -10, па дури и за 20 години. Ако одговорите на сите прашања на вашата ќерка или син апсолутно мирно и деликатно , покажувате: 

Дека овие теми се нормални и природни, и на тој начин формирате здрав став спрема телото на детето, гениталиите, теми за сексуалноста

- Дека сте подготвени да разговарате за било која тема, отворени  сте за сите прашања, и на тој начин јасно ставате до знаење дека детето не треба да чувствува страв или срам за да ве праша за сексот или сексуалноста

- дека го поддржувате детето во било какви потешкотии и ако нешто непријатно се случи (болест, непријатност, насилство), тој-таа има право да побара помош и сигурно ќе добие поддршка.

Три чекори кои ќе ви помогнат да разговарате со детето за сексот:

1. Дознајте што знае вашиот син или ќерка. На пример, прашајте го детето „Што мислиш, откаде доаѓаат децата?“ Исправете било какви дезинформации и давајте факти. На пример, „Децата не растат во стомакот на мајката. Тие растат во посебен орган кој се вика матка“.

2. Користете ја конверзацијата како шанса да ги пренесете вашите семејни вредности. На пример: „Одлично е да се биде во блажена состојба кога си подготвена да се грижиш за детето.“ „Уште еднаш ќе ве потсетам дека сексуалноста не е само секс. Важно е како вашето дете се чувствува во своето тело, кое расте и се менува. И начиниот на кој вашето дете ги сфаќа и изразува афинитетите и наклонетоста кон другите. И на кој начин се развива и одржува почитувачки односи“.

3. Кога разговарате со своето дете за сексот и сексуалноста, дајте им многу важни совети! Да воспостават сексуални граници, да го потврдат своето прави на задоволство, да ги изговараат своите потерби, да одбиваат несакани сексуални контакти, да избегнуваат ризично однесување и да прават вистински избор.