Совршена празнична трпеза: Направете две слатки божиќни погачи од едно тесто

Добивај вести на Viber

Насловна фото: Printscreen/Youtube/ Pastry Madness

Еве како да направите слатка погача за Божиќ, од едно тесто да добиете две!

Доколку барате убав рецепт за празнична погача, овој ќе ве воодушеви! Божиќната слатка погача во две верзии, од исто тесто, лесно се подготвува, а филовите ѝ даваат вистинска празнична арома.

Кога ја извежбате подготовката, можете слободно да направите слатки колачи од ова тесто со други адитиви како разно сушено овошје, темно чоколадо, џемови... 

Состојки: 

550-600 грама пченично брашно 

200 милилитри топло млеко 

100 грама шеќер 

Кесичка сув квасец 

70 грама растопен путер 

2 јајца 

1/4 лажичка сол 

Уште едно јајце за премачкување

За прв фил: 30 грама путер, 80 гр шеќер, 1 лажица цимет 

За вториот фил: 30 грама растопен путер, 60 грама бело чоколадо, 60 грама сува брусница, рендана кора од портокал

Подготовка:

Измешајте млеко, квасец и една лажичка шеќер. Додадете околу шест лажици брашно и промешајте. Почекајте смесата да се запени, околу 15 минути и за тоа време со миксер изматете ги јајцата, шеќерот, солта и путерот. Додадете ја смесата од квасецот и половина од количината брашно. Промешајте и постепено додајте го остатокот од брашното. Не месете повеќе од петнаесет минути, треба да добиете меко и лепливо тесто.

Оставете да нарасне додека не се удвои, а за тоа време направете ги филовите. Во едниот сад измешајте путер, цимет и шеќер, а во другиот путер, кора од портокал и брусница. Белата чоколада ситно ја сечкаме и ја додаваме во филот.

Тестото префрлете го на работна површина и поделете го на два дела. Расукајте со сукало до дебелина од околу половина сантиметар. Едната половина од тестото премачкајте ја со првиот фил, другата со вториот. Завиткајте во долг валјак, па пресечете го по должина на половина. Завртете го секој крај, и обликувајте ги колачите, процесот ќе го видите во видеото.

Оставете ги колачите да нараснат уште еднаш, околу 30 минути и за тоа време загрејте ја рерната на 220 степени. Колачите премачкајте ги со изматено јајце и печете ги 25-30 минути или додека не добијат убава златна боја. 


Извор: www.index.hr

*ПР објава