Спасил 669 деца од Холохаустот: Тајната на овој херој е откриена по 50 години

Овој маж беше повикан да гостува во една ТВ емисија, но воопшто немаше идеја зошто сите околу него станаа за да го поздрават. Имено, сето ова било поради тајната кој тој ја криел цели 50 години.

Во 1938 година, Николас Винтон започнал да ги спасувал еврејските деца од Холокаустот. Тој пренел 669 деца од Чехословачка до Британија и воедно им помогнал да се сместат во британски семејства, без да открива многу детали за нив.

50 години подоцна, оваа негова тајна ја открила неговата сопруга, која ја пронашла книгата во која ги чувал фотографиите, заедно со имињата на сите деца кои ги спасил. Таа книга завршила во рацете на еден новинар, кој подоцна го повикал Николас во неговото ТВ шоу.

Луѓето кои станале да го поздрават биле децата чии животи ги спасил и кои денес благодарејќи на него се живи.

Во продолжение погледнете го видеото од овој емотивен момент: