Спасовски: Од утре престанува да важи полицискиот час

Премиерот Оливер Спасовски попладнево на прес - конференција изјави дека Владата донела одлука од утре да не важи полицискиот час. 

Ден подоцна ќе работат угостителските објекти, со утврден протокол 

Од 1 јуни ќе престане да важи одлуката за одредени категории граѓани да се ослободуваат од работа. 

Државниот карантин ќе се замени со домашна изолација за македонските државјани кои ќе допатуваат од странство.

Конечна одлука за отварање на границите сеуште нема.