Според температурниот шок и стилот: Анџелина Џоли во комбинација која е спој на летна, есенска и зимска гардероба (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Анџелина Џоли беше забележана пред неколку дена во Лос Анџелес како излегува од продавница. Вниманието го привлече нејзиниот аутфит кој е спој на летна, есенска и зимска гардероба.

Познатата актерка и режисерка Анџелина Џоли носеше сиви тренерки, зимски капут и летни сандали. Додуша, се работи за малку полесен капут, кој наликува на есенските капути.

Овој аутфит можеби е идеален преодниот период кој наскоро ќе не напушти. Температурниот шок што ни се случи дозволува таков сплет на стилови. А, модното издание одлично се вклопува во лежерниот стил на Анџелина Џоли, кој го практикува зад камерите.

Актерката обично претпочита едноставност кога станува збор за облекувањето и повторно и повторно покажува дека знае да избере совршена облека. А овие сандали често ги носеше во текот на летото, во разни комбинации.


фото:Profimedia
извор:najzena

Анџелина Џоли му испрати емотивен мејл на Бред Пит: Дури и сега, невозможно е да се пишува ова без да плачам