Србинката издоминира на наградите Златен глобус: Ги засени сите ѕвезди, а сопругот не може да биде погорд

Фото насловна: Frederic J. Brown / AFP / Profimedia

Како ви се допаѓа изгледот на Нина Сеничар?

Вчера, Србинката - Нина Сеничар доминираше на црвениот тепих во Беверли Хилс за време на доделувањето на наградите Златен глобус.

Таа го придружуваше сопругот Џеј Елис, кој годинава беше водител на овој настан.

View this post on Instagram

A post shared by Nina Senicar (@ninasenicar)


Двојката пристигна меѓу првите гости, а фоторепортерите го фатија гордиот изглед на Џеј Елис додека сите ја фотографираа неговата атрактивна сопруга Нина.

Нина беше облечена во Долче и Габана од глава до пети. Тесниот црвен кадифен фустан ја следеше тенката половина на Нина, додека околу градите имаше циркони.

Нина за оваа пригода избрала лесна шминка која дополнително ја истакнала нејзината убавина, додека косата слободно ја пуштила во бранови.


Фото: Профимедиа/ Инстаграм

Свадбата на Србинка е прогласена за една од најубавите свадби во светот во 2022 година (ФОТО)