„Срцето ми остана во Егејот“ – нова турска серија премиерно од 10-ти октомври на Dizi

„Срцето ми остана во Егејот“ е турска романтична комедија од 2015-та година произведена од компанијата Limon Film. Алпер Салдиран, Оја Унусташи и Ерен Хаџисалиоглу се тројцата извонредни актери кои ги толкуваат главните ликови, Мустафа, Зелис и Јаман.

Приказната започнува откако баба Ираз ќе испрати писмо до Зелис и Мустафа, кои живеат во Истанбул, и ги поканува кај неа. Баба Ираз вели дека има уште 2 месеци живот и дека сака двајцата да се венчаат, а доколку бракот продолжи, тие ќе ја наследат нејзината нива вредна 40 милиони турски лири. Но, бидејќи Мустафа и Зелис се двајца луѓе со комплетно спротивен начин на живеење, тие првично одбиваат да се венчаат.


Но, сепак со 40 милиони турски лири кои им се смешкаат од блиската иднина, Зелис и Мустафа одлучуваат да се венчаат за да го добијат наследството. Тие прават краткорочен брачен план и организираат свадбена прослава. Меѓутоа, Зелис и Мустафа, кои набргу дознаваат дека баба Ираз всушност нема 2 месеци живот, туку е сосема здрава, мораат да останат во брак по што започнува вистинската авантура во серијата.

Алпер Салдиран, главниот актер во серијата, на сцена за првпат се застанал на 5-годишна возраст со претстави што ги играл во градинка; веднаш потоа се свртел кон фолклорот, особено кавкаските танци. За време на основното училиште без прекин продолжил и со театар и со танц. Својата прва важна улога на малите екрани ја добил во 2010-та година, по што набргу започнал да се појавува во сѐ повеќе главни улоги.


Оја Унусташи, хероината во „Срцето ми остана во Егејот“, е актерка и модел која публиката ја запознава во 2011-та година. Таа беше една од најдобрите 20 на натпреварот за Мис Турција во 2013 година.

Ерен Хаџисалиоглу е познат турски актер кој својата кариера ја изградил играјќи во многубројни филмови и серии. Детството го поминал во Анкара иако потекнува од Трабзон, каде што и се заљубил во актерството. Првото актерско искуство му било во серијата „Мави пеперутки“во 2011-та година.


Дали Зарис и Мустафа ќе успеат да го добијат посакуваното наследство, откријте во епизодите од „Срцето ми остана во Егејот“ кои од 10-ти октомври, ќе се емитуваат секој ден од 21:25 на каналот Dizi.