Срцето расте како квасец од тоа што го направи: Јована ќе ја донира косата за децата болни од рак (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Преубаво е чувството, а срцето расте како квасец кога едно мало дете ќе покаже колку голем човек е, вели мајката на малата Јована Тренчева, која самоволно одлучила да ја израсне косата со цел да може да ја донира за дечињата болни од рак.

-Мојата ќерка Јована после долго чување на косата со една цел, си ја исполни својата желба и ја скрати косата која ќе ја донира за децата болни од рак, вели Жане за Женски магазин.

Таа додава дека солзи радосници течеле низ нивните лица бидејќи знаат дека нивната ќерка постапила правилно и е одличен пример за сите.

-И благодариме на Јована што направи да бидеме среќни и горди родители-вели Жане.

Јована Тренчева е ученичка во петто одделение во О.О.У „Јоаким Крчоски“ од Волково.

Браво девојче.

Фото: Приватна архива