Среќен прв роденден бисеру мој: Синот на Нора Шаќири наполни 1 годинка

Синчето на актуелната в.д. директорка на Театар Комедија, Нора Шаќири денес полни 1 годинка. Детето го доби името Ијан.

На социјалните мрежи Нора сподели низа фотографии од моментот на раѓањето на малиот па до денес.

„Ијан, љубав се зове именом твојим. Година полна со радост, солзи, непреспиени ноќи, насмевки.

Те родив бидејќи бог ме награди, те чувам и ќе те чувам додека дишам сине мој..Ти ме направи подобар човек, ти ми ги отвори сите врати, ми покажа што е неизмерна љубов, пожртвуваност, среќа. Да си ми здрав и жив, насмевката да ти биде заштитен знак, а мама и тато секој ден ќе ти го прават посебен . Среќен прв роденден бисеру мој“, напиша Нора на Фејсбук.


Кога го донесе на свет, Нора малиот Ијан, за Женски магазин кажа дека не била свесна што и се случило кога се породила.

„Многу измешани чувства и милион прашања и стравови, но еве по два месеци ние сме во најголема љубов. Кога го видов првпат помислив на мојот покоен татко, бидејќи многу ме потсети на него и сè уште ме потетува, има многу негови црти“, кажа тогаш Нора.


Фото: Фејсбук/Нора Шаќири

Кога го видов првпат Ијан, помислив на мојот покоен татко: Нора Шаќири за мајчинството