Среќна мајка: Хурем објави семејна фотографија со двете преслатки ќерки
Актерката Мерјем Узерли, која милионската публика ја засака како Хурем во популарната серија „Величествениот“, објави нова семејна фотографија со нејзините наследнички и ги стопи сите срца. Имено, на 8 јануари на 37-годишна возраст, актерката доби уште една ќерка, а и редовно покажува како ужива во мајчинството.
Меријам ги почести своите следбеници на социјалната мрежа Инстаграм со нови фотографии на кои позира уживајќи со своите ќерки Лара и Лили Кои, а за само неколку минути оваа фотографија собра половина милион лајкови.
Хурем ги разнежни обожавателите со овие фотографии. Најчести коментари беа дека Меријам по долго време сега изгледа посреќно од кога било, а нејзината насмевка на лицето не се должи на никој друг, освен на нејзините две наследнички.
Фото: Инстаграм/meryemuzerlimeryem
Можеби ќе ве интересира:
Започна бизнис во Берлин сред пандемија: Дали Хурем се откажа од актерството?