Среќна вест на денот: Една кротка убавица, покажа дека е лавица

Министерот за здравство Венко Филипче на својот профил на Фејсбук објави една многу среќна вест: 

„Една кротка убавица, покажа дека е лавица! Браво на храброста драга наша Бојана, те чекаме со уште поголеми животни успеси, ти можеш сѐ што сакаш само посакај!“, велат од Клиниката за детски болести. Бојана е едно од децата кои победија карцином. И посакувам секогаш да е насмеана, здрава, среќна. Благодарност до установата, која повторно ги враќа насмевките на нашите најмили и нивните родители!