Срна секој ден прашува за татка си: Маја Саздановска за починатиот сопруг

Велат дека времето лечи сѐ, но не е така. Едноставно се навикнуваш да живееш со болката, вели познатата пејачка Маја Саздановска која своевремено за естрадниот магазин „Бекстејџ“ отворено проговори за семејната трагедија кога пред пет години ненадејно почина нејзиниот сопруг. Саздановска го изгуби животниот партнер Саша само девет месеци по раѓањето на нивната ќерка.

- Срна беше многу мала кога почина маж ми, но секој ден прашува за него. Зборуваме и се потсетуваме заеднички на тато. За разлика од другите деца, поради тоа што се случи созреа предвреме, многу е итра,снаодлива и личи на него. Тука се и бабите и дедовците да ѝ ги раскажат приказните за тато од неговото детство и младост. Не дозволуваме споменот да згасне - раскажа Маја која со години работи како организатор во Македонската опера и балет.