Српски политичар (67) очекува дете со 31-годишната сопруга: Таа го запроси него, а сѐ уште си персираат

Предраг Марковиќ и неговата сопруга Весна го очекуваат своето прво дете.

Политичарот и поранешен министер за култура на Србија, Предраг Марковиќ и Весна се венчаа на 26 декември 2015 година далеку од очите на јавноста. А сега Весна ја сподели среќната вест - чекаат дете.

Весна Марковиќ позираше со трудничкото стомаче во преден план, а потоа фотографијата ја објави на Фејсбук, по што следеа бројни честитки.


Тоа ќе биде нејзиното прво дете, додека Предраг веќе има син од првиот брак.

Откако се дозна за нивната врска, тие ја заинтригира јавноста. Весна во една прилика откри одредени детали од нивната врска, што изненади многумина.

Имено, таа еднаш изјави дека таа и нејзиниот сопруг Предраг сѐ уште си персираат.

- Бев изненадена од тоа колку лесно сите го прифаќаат фактот дека ние двајца, сѐ уште си персираме. Луѓето знаат дека Предраг е на „Вие“ со сите, освен со оние што ги знае повеќе од 30 години и оние што воопшто не ги почитува. Во нашиот брак тоа персирање има дополнителен шарм, но тоа е наша приватна работа - изјави еднаш Весна за „Курир“.


А вака започнала нивната љубов:

- Јас му предложив брак нему. На неговиот 60-ти роденден, по полноќ. И иако неговите очи и насмевка зборуваа јасно - тој одговори дури наутро. И ако ме прашате зошто јас го запросив него, а не тој мене, по природа сум таква што знам што сакам и дека секогаш се борам за она што ми е важно. Кога станува збор за Предраг, по нашата прва средба, на која задоцнив 40 минути (како и секогаш, ме поздрави со џентлменска насмевка) и од обичен муабет се претвори во судбоносна средба, знаев дека тој е оној со кој јас би можела да го живеам својот живот и да делам „и добро и зло“ – рече Весна.

фотографии:facebook

извор:stil.kurir