Српски политичар доби дете со 36 години помладата сопруга: Бебето доби име по старозаветен пророк

Политичарот Предраг Марковиќ и неговата 36 години помлада сопруга Весна добија ќерка.

Предраг Марковиќ ја сподели радосната вест на социјалните мрежи, а во една прилика неговата сопруга Весна ја откри тајната на нивниот брак.

Кога оваа двојка објави дека чека дете, во јавноста се појави веста дека веќе одлучиле како да ја именуваат својата ќерка. Имено, Весна била многу приврзана за нејзината баба Миља која ја воспитувала, па се претпоставувало дека така ќе ја именува својата ќерка.

Меѓутоа, во својата објава Предраг меѓу другото го откри и името на детето, а ќе признаете дека е многу уникатно и дека можеби никогаш не сте го слушнале.

- Многупати во 1980-тите, враќајќи се од редакцијата на „Књижевне речи“ со полна торба со туѓи ракописи и биографии, се симнував по скалите на таа мала подвиткана улица наречена Косовка девојка (до 1939 година, улица Девојацке). Една од ретките улици именувани по литературен лик, помеѓу училиштето „Никола Тесла“ и Рускиот дом до клиниката Народни фронт и породилиштето во Краљице Наталија. Се сетив на тоа утрово во 4 часот и 30 минути кога јас и жена ми се упативме по таа улица низ чистиот, измиен Белград, кој сè уште не беше разбуден од првите зраци на сонцето. А пред малку од таа зграда ме известија дека во 12:35 настанала промена во една од речениците од мојата биографија. Од денеска пишува: Има син Јаков и ќерка Јона. Ве молам, однапред прифатете ги моите извинувања што веројатно нема да можам да одговорам на честитките ниту во мое, ниту во име на мајка ми или ќерка ми, конечно ќе спијам – напиша политичарот на Фејсбук.

Името Јона е библиско име и буквално се преведува како „гулаб“. Инаку, Јона бил старозаветен пророк кој преживеал три дена во утробата на кит.

Ова е прво заедничко дете на парот, а Предраг го има и синот Јаков од претходен брак.

Предраг и Весна се во брак од 2015 година, а и покрај разликата во години, не ја кријат среќата и не се грижат за коментарите. Интересен детал кој во една прилика го откри Весна е тоа што го потстрижува својот сопруг, но и дека сѐ уште си персираат.

Српски политичар (67) очекува дете со 31-годишната сопруга: Таа го запроси него, а сѐ уште си персираат

извор:GLOSSY