Станаа подобри пријатели отколку љубовници: Адел се разведува по само некоолку години во брак

И пејачката и Симон Конецки потпишаа дека треба да се поделат сите пари што ги стекнале во бракот, а бидејќи судиите ќе остават „свој белег“, тужбата ќе биде финализирана

Пејачката Адел конечно доби одлука за развод. Двојката се согласи на условите во средината на јануари, но тужбата ќе биде финализирана само откако судиите ќе ги остават своите потписи. Адел и Симон Конечки планираат да ги поделат 190 милиони долари, кои ги стекнале за време на нивната брачна среќа, на еднакви делови.

Адел и Симон се венчаа во тајност во 2016 година. Тие го добија синот Анхел Адкинс четири години порано, во октомври.

- Врската се разви и тие станаа подобри пријатели отколку љубовници. Сфатија дека нема повеќе романса во нивната врска. Разочарани се затоа што не успеале - пренесоа странските медиуми, кога за првпат се слушна дека славниот пар ставил крај на нивната љубов.

Фото: Profimedia