СТАНАВ СТУДЕНТКА
Животот знае, многупати, да биде суров и полн со тешки настани. Во
сите тие проблеми, Марко и уписот на факултет ми бea светла точка. Дојде и
првиот студентски ден. Во сите мои фантазии се замислував себеси како учам
со голема волја и со голем ентузијазам и како го завршувам факултетот. Со
диплома не се променуваш, туку си задоволен од себеси и имаш поголема
самодоверба и нормално, дипломата ти е виза за вработување.
Длабоко во себе, верував дека периодов ќе ми се промени животот. Ќе
бидам исполнета со предавања, ќе се образувам, а и кога ќе излезам со Марко и
со неговото друштво ќе разговарам со нив на исто ниво. Вечерта, сите тие
прашања ми се вртеа низ глава и не можев да спијам. Утрото станав и бев многу
возбудена, така што едвај се облеков. Весна беше станата, приготвила појадок,
ја забележа мојата возбуда, се шегуваше со мене за да се олабавам и ми
помагаше да се подготвам. Таа ми ја среди косата, ме нашминка нежно, така
што кога се погледнав во огледало личев на права студентка.
Марко утрото дојде да ме придружува до факултет. Неговата поддршка
ми значеше. Кога влеговме во амфитеатарот, имаше многу студенти. Сретнавме
некои негови пријателки и седнав заедно со нив. Го слушав поздравниот говор
од деканот со големо внимание. Потоа отидовме да го видиме распоредот на
предавањата. Во меѓувреме се запознавме со други колешки и колеги и на сите
ни беше многу мило. Всушност, сфатив дека сите ние сме почетници и дека
сите имавме иста цел – да се дружиме и да се зближиме.
Отидовме заедно да пиеме кафе и влеговме во студентското бифе. Беше
преполно. Го здогледав Марко со Бојана, Павле и нивни колеги, кои беа во
бифето. Марко ми мавна со рака да ме поздрави и јас му го возвратив поздравот
со раце посочувајќи му дека сум со колегите. Пиевме кафе и се разотидовме
секој на своја страна. Одејќи накај дома, имав толку убави впечатоци што не
забележав како сигнав дома. Кога влегов. Весна ме чекаше со нетрпение и
почнав да ѝ раскажувам уште од врата. Бев восхитена бидејќи за мене беше
нешто ново, првпат се почувствував полезна за себеси.
Ручавме заедно и потоа пиевме кафе. Весна ме слушаше внимателно и
ми рече: „Сестро, јас сум во моментов со сè пропаднато. Не очекував да се
случи на ваков нечесен начин, но веќе не е важно. Среќна сум што мама, тато и
ти многу ме поддржавте. Но, секому штом му се случи некоја животна незгода,
треба да успее да извлече поука. Се надевам дека заедно со мене и ти ќе
извлечеш некоја лекција. Иако бев падната во пеколот, мислам дека почнав да
се влечам полека и дека ќе излезам од него“.
Наеднаш прекина и почна да плаче. Станав, ја прегрнав и заедно
плачевме. Ме гребеше душата. Во еден миг, помислив дека некој оџачар влезе
во мојата душа и ми ја чисти со жица. Излегува од мене сè она што се
насобрало: гнев, јад и неправда.
Се созедовме и таа продолжи: „И покрај сè, станав уште посилна, имам
смелост да продолжам со животот. Од почеток и ти ќе работиш додека се
застанеме на нозе, а потоа, ќе видиме. Но, ќе се бориме и мислам дека ќе
успееме да ги реализираме нашите соништа. Покани го и Марко вечер, ќе
излеземе да прославиме“. Веднаш, му се јавив на Марко и прифати.
Вечерта отидовме во еден ресторан. Таму беше преполно. Бевме
воодушевени од атмосферата, од храната и од пиењето. Подоцна, до нас на маса
седна некој познат пријател на сестра ми. Кога си одевме, тој ја покани сестра
ми да останат уште некое време да се видат. Јас и Марко заминавме сами накај
дома.
Влеговме во станот и веднаш седнавме на троседот. Се бакнувавме
страсно и се гушкавме. Низ панталони го фатив неговото набрекнато „копје“.
Станав да видам низ прозор дали доаѓа Весна и го забележав Марко зад мене
како ми ги спушташе хулахопките и гаќичките и ми го дразнеше анусот со
прстите. Потоа, ми ги рашири нозете и почна многу брзо, речиси дивјачки да ми
ги лиже анусот и мојата врела „смоква“. Целата се отворив како утрински
трендафил. После, ме заврти накај троседот и го стави неговото спремно за
поход „копје“ во мене и почна да влегува полека, но сигурно.
Колку ми беше убаво. Ги ширев уште повеќе нозете. Срцето ми чукаше
од возбуда и од страв да не се врати Весна. Адреналинот работеше максимално
кај мене, а во исто време, сакав да имаме секс овде, во дневната соба. За мене,
беше ново искуство, нешто што го немав почувствувано досега. Марко
влегуваше сè побрзо во мене, а јас се топев под неговото остро „копје“. Сакав
ова да трае бесконечно долго, но премногу бевме возбудени. Почнав да
свршувам. Марко ми ја почувствува мојата утроба како се тресе и тој сврши
некаде длабоко во мене. Го почувствував неговото топло семе како ме семени.
Но, уживавме и не реков ништо. Потоа, се извлече од мене. Продолжи да ме
бакнува по градите. Ги лижеше моите гради и воздивнуваше.
Почнав, повторно, да се возбудувам, но од влезната врата почна да се
слуша вртење од клуч. Тоа беше Весна. Почнавме да се средуваме. Марко
избега во бањата. Весна умееше во момент да се снајде. Влезе и се правеше дека
не забележува ништо, но бев сигурна дека сфати што се случувало тука. Кога
Марко излезе од бањата, веќе му беше намалено црвенилото од лицето.
Промрмори дека е изморен и дека ќе си оди дома.
Замина. Ме фати грижа на совест. Марко во мене ја остави семената
течност. Ѝ кажав на Весна веднаш ми донесе некој нејзин препарат со кој таа се
миеше, но ме предупреди ова да не се повтори сè додека не бидеме подготвени
за дете. Отидов и се средив.
Подоцна, Весна ми рече: „Сестро, се задржав, тој ми е еден стар пријател
и клиент. Утре ќе дојде кај мене додека ти си на предавања. Тие што сакаат, си
ја плаќаат својата љубов. Може не е во ред, но им правам услуга макар и
сексуална и чесно си ги заработувам своите пари. Сите што доаѓаат кај мене,
сами ме бараат. Сигурно, им недостасува нешто. Секој ја сака, ја возвишува, ја
опева љубовта и секој сака некој да ги сака, но изгледа дека, често, таа не е
возвратена“. Сакав уште да поседам со сестра ми, но бев преуморена и очите ми
се затвораа. Ѝ посакав добра ноќ и си отидов да си легнам.
АНОНИМНА
Прочитајте ја и претходната епизода Роденденска забава