Станав жртва па го напуштив: Емотивна женска приказна

Сите ние понекогаш носиме одлуки кои нашето срце не ги прифаќа. Ова приказна е токму таква. Оваа девојка морала да ја донесе својата најтешка одлука. Го скршила и своето и неговото срце, но тоа била вистинската одлука. Одлучила да го направи она што е најдобар избор за неа. Ова е исповед на девојката која се обидела на секој начин да му помогне на своето момче да се излезе од депресија. Но, немало резултат. Кога почувствувала колку негативно сето тоа делувало врз неа, кога почнала да се ја губи самодовербата и да се однесува онака како што не треба, одлучила да го остави.

„ Го запознав Лајм онака како што почнуваат сите модерни романси. Бевме пријатели, на почетокот разговаравме онлајн. Ми понуди помош за мојот уметнички магазин. Така започна се. Почнавме да излегуваме. По месец дена ме праша, дали би сакала да бидам негова девојка. Беше забавно и безгрижно. Набрзо стана мојот најдобар пријател, и првпат во моите 22 години, почувствував дека имам партнер, а не само момче. Градевме сопствени кариери, и тоа се правевме заедно. Заедно ги носевме големите одлуки, а успехот го славевме со вино, доцна во ноќта. По две години, неговата кариера се вивна. Почна пречесто да патува. 

Тешко беше да се адаптираме еден на друг. Тој почна да се преиспитува себеси и ја загуби самодовербата. Се запушти и ментално и физички. Се оддалечи од сите. Алкохолот и дрогата станаа негово секојдневие. Не сфаќав колку беше лошо, сè додека не го видов со мои очи, раскажува таа. Тоа не е човекот во кој се вљубив. Одбиваше стручна помош. Ми призна дека е депресивен. Покажуваше знаци на исцрпеност, напади на бес, чувство на очај и жртва. Ова ме натера да се информирам за депресијата. Но, тој одбиваше помош. По една година, бев исцрпена. Немав идеја што да направам. Од една страна тоа беше љубовта на мојот живот. Од друга пак, тоа беше човекот кој веќе го нема. 

Имав 26 години. Беа самостојна со кариера во подем. Се чувствував виновно. На мигови мислев дека сум себична. Моите пријатели забележаа дека се менувам. Почувствував дека ми паѓа самодовербата. На крај, одлучив што е исправно за мене. Беше тажно. Ме обвинуваше. Срцата ни се скршија. Бев изгубена. Но тоа беше единствената одлука која морав да ја донесам и за која не жалам“, раскажала жената за Би-Би-Си.