Стара Индијанска легенда која ќе ви ги отвори очите: Ова е сè што треба да знаете за животот!

Внимателно прочитајте ја оваа приказна

Постои легенда за Индијанците Чироки за ритуал во кој момчето станува возрасно лице. Татко ќе го земеше својот син длабоко во шумата, ќе му ставеше превез на очите, ќе го искачеше на искорнато дрво и ќе го оставеше таму сам.

Тој побара момчето да седи неподвижно на тоа дрво цела ноќ и да не го тргнува превезот од очите, додека не ги почувствува првите сончеви зраци на лицето. Не смееше да плаче, ниту да повикува на помош. Кога ќе ја преживее ноќта, тој ќе стане маж.

Му беше забрането да им кажува на другите момчиња за своето искуство, бидејќи секое од нив мораше да созрее на свој начин. Момчето беше, се разбира, ужасно исплашено. Тој можеше да чуе секакви звуци околу себе, што го исплашија.

Од плачот на диви ѕверови, разни птици до далечните гласови на луѓето. И тој постојано го чувствуваше татнежот на ветрот што му носеше трева и песок во лицето. Но, сепак, младиот Индијанец храбро го издржа сето тоа. Знаеше дека тоа е единствениот начин да стане зрел човек.

Конечно, по ужасната ноќ, излезе сонцето и тој можеше да го тргне превезот од очите.

Дури во тој момент младиот Индијанец открил дека неговиот татко цело време седи покрај него на друго сечено дрво и внимавал да не му се случи ништо лошо!

На сличен начин, ние никогаш не сме сами...Секогаш имаме на кого да се потпреме, дури и кога се чини дека не е така. Треба само да разгледате малку подобро околу себе ...


Фото: Thinkstock

Можеби ќе ве интересира:

Најдобрата приказна за бракот: Еве како лавот ја третира својата жена!