Стефан Лазаров: Ако сум јас тој што треба да го изоди патот со шилците-ќе го изодам, борбен сум- КАЖИ ШИФРА

Добивај вести на Viber

Во првиот подкаст за 2025 година КАЖИ ШИФРА на Женски магазин, овозможено од Фактор.мк ќе имате можност одблиску да се запознаете со Стефан Лазаров, човекот кој направи своевидна револуција во неговата работа. И за прв пат е на подкаст, а ние ја имавме честа. Пробивме неколку животни шифри.

Лазаров е најпознатиот јутубер кај нас со години. Во неговиот подкаст имаше плејада на гости, милионски прегледи, откриваше досега не кажани нешта за соговрниците и сето тоа оди во живо. Интеракцијата со публиката исто така е значајна, а тој им овозможи безброј гивавеи за да им донесе среќа. Но, среќа им донесе и на оние каде што навистина е потребна. Тој е голем хуманитарец. Помага насекаде, а кога човек на човек е човек, тоа е едно од најгомемите нешта. 

Стефан е силно момче, но и многу емотивен. Сите нешта ги работи со емоција. Знае на моменти да пецне, но шоу бизнисот има многу аспекти кои тој ги разбрал на време.

Оженет е со Марта, девојката која му го освои срцето и на која секогаш може да се потпре. Искрен е во сите намери, не се крие позади себе.

Иако периодов му се случија многу работи- починаа неколку негови драги личности, имаше проблем со најголемиот гивавеј во државата за кој се крена многу прашина, не остана имун на сето тоа, но реши да се бори и да оди напред. Спортскиот дух не го напуштил.

Во нашиот подкаст КАЖИ ШИФРА зборуваме за многу нешта. Работи кои никогаш не ги кажал. 

Ке уживате во сосема поинаков терк на разговор.

Погледнете го целото интервју: