„Стела“ е приказна за пријателството и соединувањето: Со детскиот филм започна „Синедејс“

Детскиот филм „Стела“ го отвори 19. издание на фестивалот „Cinedays“, кој годинава се одржува на отворено, во скопскиот Градски парк, под маски и со сите пропишани протоколи за заштита од коронавирусот.

Филмот „Стела“, е поврзан со семејните слоеви и со детското растење, и е во продукција на „Дрим фактори“.

Приказната се случува  Германија и во Македонија, во Галичник.

Во филмот, шарпланининката Стела е прикажана како симбол на пријателството и на спојувањето. Главниот детски лик Никола го игра Петар Маниќ, внук на познатиот пејач Томислав Маниќ, кој беше дел од гостите на промоцијата.

Никола, по несогласувањата на родителите кои многу го погодуваат, токму во Стела ја наоѓа својата утеха.. Дедото, пак, кој избегал од луѓето да живее сам на бачилото, ќе го прифати Никола како свое семејство. Дел од приказната се и познатите актери Дејан Лилиќ и Тони Михајловски.

Продуцент на филмот е Огнен Антов, и е во режија на Стојан Вујиќиќ.

Фото; Вангел Тануровски