Стил на денот: Аделина Тахири во пинк јакна од 2.200 евра

Добивај вести на Viber

Розовата е бојата на сезоната. Ја носат трендсетерите и инфленсерите, а во розова комбинација од брендот Balmain воодушеви и пејачката Аделина Тахири. 

Инаку, овој бренд е еден од омилените и на најпознатата старлета во светот, Ким Кардашијан.


Аделина носи кратка розова јакна, за која според веб страницата на Balmain треба да платите околу 2.200 евра.  

Пејачката носи и розови панталони во иста боја и со ист детаљ на задникот, односно со логото на брендот. Доколку сакате да имате и вие вакови панталони, за нив треба да издвоите 890 евра. 


Фото: Инстаграм - Аделина Тахири/printscreen - balmain.com