Стил // Стил на денот
Стил на денот: Александра Шијакоска и Тамара Калиниќ во розов ленен комплет- на која подобро ѝ стои?
Оваа недела ја започнуваме со „моден двобој“ на една од најубаво облечените Македонки- Александра Шијакоска, и на една од најубаво облечените Србинки Тамара Калиниќ.
Двете се модни блогерки, а нивните комбинации секојдневно ги копираат девојките ширум регионот.
Овојпат и двете се одлучија за ленени комплети во нежна розова боја, и наговестија што ќе биде вистински моден хит летово.
Александра Шијакоска се одлучи за лежерна комбинација со патики, на која додаде капче и црнобел џемпер, како и чанта во ефектна црвена боја.
Тамара Калиниќ пак избра поелегантна комбинација со едноставна маичка и чанта во крем боја. Кај нејзе високите потпетици ја разбија монотонијата со својата ефектна портокалова боја.
На која подобро ѝ стои?