Стил // Стил на денот
Стил на денот: Александра Шијакоска во чизмите кои ќе ја одбележат есента
Александра Шијакоска е една од најпознатите инфлуеснерки кај нас. Таа на нејзиниот Инста профил има над 60.000 следбеници, со кои го споделува своето секојдневние, патувањата, но и најбитните работи кои ѝ се случуваат во животот.
Шијакоска е позната по нејзините модни комбинации, па така и овој пат сподели аутфит кој ќе сакате да го ископирате.
Таа, за прошетка низ преубавиот Ниш носеше кратки тексас панталони, маичка со хоризонтални линии и кафеави чизми кои ќе бидат тренд број еден есенва.
Целиот изглед Александра го дополнила со чанта и ремен во иста боја како чизмите. Стајлинг за чиста десетка.
Фото: Инстаграм - Александра Шијакоска