Стил на денот: Ана Ивановиќ маѓепсува во коктел фустан со гол грб и сандали со модерна потпетица

Добивај вести на Viber

Ана Ивановиќ дефинитивно е една од најубавите Србинки, а за нејзиниот изглед пишуваат и светските медиуми.

Поранешната тенисерка Ана Ивановиќ ја започна својата кариера како талентирана девојка, а со својата искрена насмевка и природност го освои целиот свет. Таа денес е посветена на семејството, но и на модата, па секојдневно изненадува со своите комбинации.

Ана има различни модни трикови и секогаш знае да изгледа совршено, дури и кога ќе ја додаде целата таа харизма и шарм што ги поседува, ефектот е максимален.

Овој пат таа избра таканаречен црн  коктел фустан со отворен грб и сандали со модерна потпетица.

- Размислете за сите убави моменти во текот на денот и зачувајте ја вашата насмевка за утре - напиша Ана под објавата.

Со оваа креација тенисерката ја собра косата во опавче, а впечатливите висечки обетки беа доволни за да ѝ додадат малку повеќе елеганција на Ана.