Стил на денот: Ана Ивановиќ во комплет идеален за викенд прошетка
Поранешната тенисерка, Ана Ивановиќ каде и да се појави воодушевува со својот изглед. Нејзините модни комбинации во принцип имаат спортски дух, но секогаш внесува и доза елеганција во нив.
Една од нејзините последни модни комбинации дефинитивно ќе послужи како инспирација за викенд прошетка. Комлетот од широки панталони и кратка маица од лесен материјал се модни парчиња кои многу лесно може да ги комбинирате со разни обувки.
Во случајов, Ана се одлучи за малку поелегантна варијанта и ги искомбинира со сандали со високи потпетици и чанта во пастелно виолетова боја. Од накит на себе има елегантен часовник и обетки.
Но, доколку вие го претпочитате спортскиот изглед, овој комплет може да го искобинирате со патики или пак ниски обувки.
фото: Принтскрин / Инстаграм