Стил // Стил на денот
Стил на денот: Данијела Димитровска во мини фустан со отворен грб за секоја пригода
Данијела Димитровска, манекенката со македонско потекло и сопруга на познатиот српски водител Огњен Амиџиќ е наша модна инспирација денес, и секој ден.
Тој ѝ ја посвети песната „Македонка“: Даниела Димитровска искрено за бракот со Огњен Амиџиќ
Во мини цветен фустан со отворен грб, Данијела покажа дека летните фустани можат да се прилагодат за секакви прилики, во зависност од начинот на кој ги комбинирате.
Патики за поопуштен изглед, со високи потпетици ќе добиете свечена комбинација или во нејзиниот случај со високи чизми - каубојки, за кул, впечатлив изглед.
Ќе ве разнежни: Водителот Амиџиќ искрено за сопругата Даниела од Македонија