Стил // Стил на денот
Стил на денот: Дневен и вечерен моден избор за 8-ми март
Овој ден е посебен за сите жени. Затоа ние ви предлагаме како да изгледате одлично, а притоа и да се чувствувате така.
Никогаш нема да погрешите доколку за дневен изглед изберете обични фармерки со едноставна блуза. Доволни се обувки во различна боја и ситни модни додатоци, и имате ефектен изглед.
Вечера со колешките или пријателките? Изберете ја бојата на виното и љубовта, фустан со асиметричен крој и долг шлиц со кој ќе изгледате неверојатно заводливо.