Стил на денот: Драгана Миќаловиќ во најубавиот фустан оваа есен што можете да го носите во секоја пригода

Оваа боја е кралица на есента

Актерката Драгана Миќаловиќ присуствуваше на промоцијата на новиот бренд на пејачката Лепа Брена што го започна со семејството.

Драгана е една од најстилизираните актерки и привлекува внимание на секој чекор, а нејзиниот моден избор е многу често тема кога се зборува за исклучителен вкус и чувство за убавина.

Актерката се појави во маслинест фустан со средна должина и ги воодушеви сите. Необичниот крој на нејзината креација веднаш привлече внимание. Таа имаше многу долги ракави, а бидејќи фустанот беше струкиран, ја истакна фигурата на актерката.

Целата комбинација ја заокружи со крем салонки и нејзината карактеристична фризура. Инаку, маслинестата боја е една од главните модни трендови во текот на есента, па никогаш не можете да погрешите доколку се одлучите за неа.

Фустанот на Драгана може да се носи со рамни чевли, па освен што е убав и модерен, тој е и многу универзален.

Извор: glossy.espreso.co.rs