Стил // Стил на денот
Стил на денот: Дуа Липа во необичен розов корсет, одличен летен избор
Британската пејачка со косовско потекло, Дуа Липа има модерен и специфичен стил. Некогаш знае да се одлучи за едноставни, но често и за екстравагантни комбинации.
Така овојпат ја имаме во преубав розов корсет кој ќе посакате да се најде во вашиот гардеробер. Сензуален отвор, нежен материјал, како и ракави- прават да се разликува од останатите корсети кои ќе ги видите летово.