Стил // Стил на денот
Стил на денот: Џенифер Лопез во бели патики кои мора да ги имате
Џенифер Лопез е фотографирана во Њујорк во спортско издание кое го комбинира со розов капут.
Џеј Ло облече кадифени хеланки и црна ролка, а спортското издание го заокружи во своите омилени бели патики со потпис на Александар Меквин. Овие патики моментално се број еден тренд во светот, а пејачката сака да ги комбинира со своите секојдневни модни комбинации.