Стил на денот: Едно од најубавите изданија на Џесика Алба, окер боја во фокусот
Една од најубавите жени во Холивуд со години остана верна на својот стил
Џесика Алба по неколкугодишно отсуство од светот на филмот, се враќа со нов наслов кој го сними за продуцентската куќа „Нетфликс“. Успешната претприемачка која пред неколку години го основа брендот „Honest“ кој произведува „clean2“ производи за чистење на домот, но и нега на лице и шминка, на улиците на Њујорк се појави во заносна комбинација.
Згодната 41-годишна актерка носеше окер миди здолниште направено од кожа, кое го спои со интересна свилена блуза без ракави во црна и беж боја. Носеше и затворени кожени сандали во окер боја и мала чанта во иста боја.
Долгиот боб со нежни брановидни прамени само го подигна целиот овој стајлинг на повисоко ниво. Шминката, како и обично, беше природна, зошто оваа мајка на три деца, не ги следи трендовите, туку се држи до мотото „помалку е повеќе“.
Како ви се допаѓа ова издание на убавата актерка?
Извор: stil.kurir.rs