Стил // Стил на денот
Стил на денот: Елена Ристеска изгледа одлично во наједноставниот аутфит- фармерки, кошула и сако
Пејачката Елена Ристеска, пред извесен период го прослави својот 36-ти роденден, и мора да признаеме дека никогаш не изгледала подобро.
Имено таа денеска е наша модна инспирација со наједноставниот аутфит кој може да го замислите. Станува збор за проверената и никогаш досадна комбинација на тесни фармерки, бела кошула и црно сако. Добриот избор на ремен, салонки и чанта во црна боја, како и убав накит- се само огромен плус на овој моден избор за 10-ка.