Стил // Стил на денот
Стил на денот: Ева Лонгорија во летен фустан што секоја жена мора да го има
Ева Лонгорија го искористи убавиот сончев ден за да оди на ручек со синот Сантијаго и нејзиниот сопруг Хозе. Убавата актерка изгледаше многу шик во макси фустан во етнички стил и светло розеви папучи.
На фустанот на брендот „LemLem“ се истакнува шлицот од страна кој делумно ги открива нозете, широките ракави и длабокиот V-деколте. Привлечни се и пругите, односно геометрискиот дезен по кој е препознатлив моделот на фустан по име „Yeshi“.
Лесниот и удобен фустан Ева го искомбинира со влечки и чанта во ист тон.
Како ви се допаѓа ова летно издание на познатата актерка?