Стил // Стил на денот
Стил на денот: „Голиот фустан“ на Јелена Гавриловиќ е вистинско совршенство
Актерката Јелена Гавриловиќ привлече големо внимание кога се појави на филмскиот фестивал во Херцег Нови.
Јелена редовно воодушевува со својот стајлинг за слични пригоди, секогаш избира ефектен фустан во кој тешко дека можевме да најдеме мана. Сега отиде чекор понатаму, појавувајќи се во таканаречен „гол“ фустан.
Моделот што го носеше беше изработен од црн светкав материјал и дел од проѕирна ткаенина.
Ја залижа косата и ја пушти да паѓа наназад, а стајлингот го зачини со црни висечки обетки. Таа ги усогласи и црвениот кармин и лак за нокти во иста боја.
Извор: stil.kurir.rs