Стил // Стил на денот
Стил на денот: Хулахопки со дезен за моден погодок
Минималистичкиот изглед е нешто што никогаш не излегува од мода. Оваа комбинација која е наша инспирација за стил на денот носи доза лежерност и сексапил. Ако сакате да бидете модерни и урбани, дезенираните хулахопки се вистински избор за вас.
Хулахопките се најверниот пријател на жената во овие ладни денови, а оние со точки во црна боја или пак секси линии или леопардски принт изгледаат одлично и рушат монотонија.
Дезенот може да биде различен, а изборот на каков тип на дезен е во зависност од пригодата. Ваш е изборот, а се зависи од вашиот карактер и како сакате да се презентирате како личност, затоа што секогаш првиот впечаток е важен во секој дел од денот.