Стил // Стил на денот
Стил на денот: Каква жена, каков изглед- Нина Бадриќ не престана да воодушевува
Хрватската поп дива Нина Бадриќ е олицетворение на жена која го негува природниот изглед, без ботокси и пластики. Со тоа докажува дека и природно може да се изгледа убаво и негувано. Нејзините природни облини и убавото лице, зачинети со одлична облека ја прават вистинска дама на која не можеме да ѝ одолееме.
На својот Инстаграм профил, Нина објави фотографии од свадба на која беше гостинка.
Носи фантастичен фустан со ситни кристали, кој не изгеда пренакитено и пренападно.
Чевлите се посебна приказна. Ниски, летни и одлично усогласено со целосниот изглед.
Браво Нина!
Фото: Инстаграм