Стил // Стил на денот
Стил на денот: Луисана Лопилато во совршен летен фустан за трудници
Актерката која ја запознавме како Миа Колучи во тин серијата „Млади бунтовници“, денес е мајка на три деца, а моментално е бремена со четвртото дете, кое го очекува со сопругот Мајкл Бубле.
Имено Луисана Лопилато е наша модна инспирација за денес, а нејзиниот совршен летен стајлинг може лесно да го ископираат сите трудници.
Станува збор за асиметричен фустан во небесно сина боја украсен со цветни детали. Преубавата мајка го комбинира со сини старки. Фантастично!